Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидени се 600 милиони евра за субвенции во наредните четири години, изјави Зоран Коњановски на прес-конференција, претставувајќи дел од мерките во новата програма на коалицијата во делот на земјоделството. Доследни на ветеното во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ изминативе години покажа што значи поддршка за земјоделците во Македонија. Покажавме дека земјоделството е еден од основните приоритети во нашата работа, а земјоделците наши блиски соработници. И затоа од 2006 до 2013 година наменивме 640 милиони евра, за развојот на македонското земјоделство, изјави Коњановски. Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со поддршка за развојот на македонското земјоделство и развојот на македонските села со уште повисоки финансиски средства, со дополнителни проекти и мерки.
Во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидени се 600 милиони евра за субвенции во наредните четири години, изјави Зоран Коњановски на прес-конференција, претставувајќи дел од мерките во новата програма на коалицијата во делот на земјоделството.
- Доследни на ветеното во 2006 година, ВМРО-ДПМНЕ изминативе години покажа што значи поддршка за земјоделците во Македонија. Покажавме дека земјоделството е еден од основните приоритети во нашата работа, а земјоделците наши блиски соработници. И затоа од 2006 до 2013 година наменивме 640 милиони евра, за развојот на македонското земјоделство, изјави Коњановски.
Тој најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со поддршка за развојот на македонското земјоделство и развојот на македонските села со уште повисоки финансиски средства, со дополнителни проекти и мерки.
- За таа цел во новата програма предвидуваме највисока поддршка за македонското земјоделство, што досега е забележана од 600 милиони евра за развој на македонското земјоделство, 600 милиони евра за развој на селата во нашата држава и подобрување на условите за живот, 600 милиони евра за поголемо производство на храна, 600 милиони евра за отворање на нови работни места во земјоделскиот сектор, изјави Коњановски.
Според него, финансиската поддршка за земјоделците во новата програма е предвидено да се исплаќа преку однапред дефиниран календар за субвенции, со кој ќе биде определена стриктна динамика на аплицирање и рокови за исплата на субвенции.
- Согласно реализацијата на проектот Календар за субвенции, времето на исплата на субвенциите ќе биде усогласено според потребите на земјоделците за финансирање на земјоделските активности и според карактеристиките на земјоделското производство. Станува збор за проект, кој во повеќе наврати го разговаравме со земјоделските здруженија и истиот е составен дел на новата програма на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, образложи Коњановски.
Како што истакна Коњановски, свесни за значењето на развојот на селата во Македонија во новата четиригодишна програма е предвидено и продолжување на континуитетот на постојано подобрување на условите за живот во руралните средини во сите општини во државата.
- За таа цел во новата програма предвидуваме до 2016 година да бидат реализирани 195 поединечни проекти од витален интерес на населението во 73 рурални места во општините во Македонија. Проекти за кои е веќе подготвена проектната документација и имплементацијата ќе следи веднаш во текот на 2014 година, со обезбедена финансиска конструкција од 20 милиони евра, и уште најмалку 20 милиони евра за 2016, 2017 и 2018 година за проекти наменети за руралните средини, изјави Коњановски.
Тој продолжи дека модернизацијата на земјоделските стопанства е процес кој е директно поврзан со развојот на земјоделството.
- Како влада која за прв пат воведе поддршка 50-50, сме свесни дека истата претставува огромна поддршка за земјоделците во нашата држава. Токму затоа во новата програма предвидуваме уште посилна и уште поголема поддршка за модернизација на земјоделските стопанства. Инвестициите во земјоделските стопанства за набавка на трактори и друга земјоделска механизација, опрема, купување на добиток, подигање на овошни и лозови насади, наводнување капка по капка, реконструкција на објекти за одгледување на стока итн. како и инвестициите за модернизација на преработувачките и маркетинг капацитети ќе се финансираат со најмалку 50% од страна на државата, образложи Коњановски и додаде дека за таа цел секоја година ќе одделуваме по 1,72 милијарди денари.
Ќе бидат обезбедени и средства за поволни кредити со субвенционирана каматна стапка од 3 и 4 проценти на годишно ниво за примарното земјоделско производство, преработувачката индустрија и откупот на земјоделски производи. Станува збор за износ меѓу 6 до 10 милиони евра годишни кредитни пласмани во зависност од интересот. Во програмата предвидено е да бидат реализирани и 195 проекти за подобрување на условите за живот во 73 рурални места. За оваа намена, во текот на 2014 година ќе бидат обезбедени 20 милиони евра и уште најмалку 20 милиони евра за 2016, 2017 и 2018 година.
Планирано е и обновување и проширување на мрежата за наводнување и одводнување на сите хидросистеми и во тој контекст реализација на проектите ХС Лисиче, ХС Злетовица, браните Оризарска Река и Конско, проширување на хидросистемите Стрежево и Брегалница, изградба на системот за наводнување Маркова Рекааво Куклиш.... За оваа намена, секоја година ќе се издвојуваат најмалку по околу 18 милиони евра.